Помпео во Грција ќе биде пречекан со „Pompeo go home!“

by fokus

Во исто време со средбата во грчкото МНР на американскиот државен секретар, Мајк Помпео со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, во центарот на Атина ќе се одржат два протести, едниот организиран од Комунистичката партија на Грција, другиот од анархистички и левичарски здруженија и организации, јави дописничката на МИА од Атина.

И двата протести се против посетата на Помпео на Грција.

Комунистичката партија, под слоганот „Pompeo go home!“, ќе маршира до амбасадата на САД во Атина.

Според медиумите во Грција, за безбедноста на американскиот државен секретар во грчката престолнина, ангажирани ќе бидат околу 1000 полицајци.

Поврзани новости