Помпео: НАТО ќе застари ако не се менува

by Фокус

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска во Берлин предупреди дека НАТО мора да се менува или во спротивно, како што рече, постои разик да биде надминато.

-Доколку земјите сметаат дека можат да имаат безбедносна корист, а на Алијансата да не и пружаат неопходни ресурси, или да не ги почитуваат своите обврски, тогаш постои ризик НАТО да стане неефикасно и застарено – посочи Помпео.

Поврзани новости