Помошникот државен секретар на САД доаѓа на Илинден во Крушево да го поддржи Договорот со Грција

by fokus

Метју Палмер, вршител на должноста заменик помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија од 1 – 3 август, за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ.

Вршителот на должност заменик помошник државен секретар Палмер ќе се сретне со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии.

eТој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.

Поврзани новости