Помогнете им на бездомните животни на студот

by fokus

Во ек на поларните температури во регионов, од вчера е започната акција за правење и поставување на привремени куќички за животните од улица. Иницијатори на акцијата се љубители на животни, кои што преку групата „Акција за правење на куќички за кучиња“ на социјалната мрежа Фејсбук, ги повикуваат сите граѓани да помогнат и да допринесат.

Досега веќе се изработиле дваесеттина куќички од картон, обложени со стиропор и најлон, а во внатрешноста послани со стара облека и ќебиња и биле поставени низ улиците на Скопје.

Исто така, љубителите на животни апелираат граѓаните да остават храна за кучиња и мачки на улиците, но и станарите на зградите да им дозволат на уличните кучиња да ги минат студените ноќи во влезовите, во гаражите и подрумите. Се апелира и до сопствениците кои што ги држат своите кучиња врзани во двор, да ги ослободат деновиве од ланците, бидејќи со самото движење животните ќе можат да стоплат.

Во Истанбул, Турција во поголемите трговски центри биле отворени вратите за кучињата, а пред дуќаните биле оставени ќебиња и храна за животните.

Вики Клинчарова

Поврзани новости