Половина од возрасните жители на ЕУ се целосно вакцинирани

by Fokus

Двесте милиони Европејци се целосно вакцинирани со две дози против Ковид-19, или повеќе од половина од возрасната популација, соопшти Европската комисија. Комисијата постави цел вакцинирање на 70 отсто од возрасните граѓани на ЕУ ова лето.

Портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант, на вчерашниот брифинг потврди дека 54,7 проценти од сите возрасни во ЕУ се целосно имунизирани.

 

 

Поврзани новости