Половина килограм марихуана, кокаин и хероин најдени кај 26-годишник од Скопје

by fokus

Две лица на возраст од 26 и 20 години од Скопје се уапсени синоќа во акција на полицијата, поради сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

При тоа и кај двајцата се извршиле претреси. Кај 26-годишниот М.М. полицијата нашла околу половина килограм марихуана, соопштија од МВР.

„По издадени наредби од Основен Суд Скопје 1 Скопје беа извршени претреси во домовите на М.М. и Ф.Ј. на ул Бутелски венец во Скопје. При претресот кај М.М., пронајдени се околу 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици. Вториот претрес е извршен кај лицето Ф.Ј. при што кај истиот е пронајден еден пушко – митролез и марихуана. По целосно документирање, против М.М. и Ф.Ј.  ќе биде поднесени соодветни пријави“, информираат од таму.

Поврзани новости