Полициско возило „шкода јети“ учествувало во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

by fokus

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, кај клучката „Македонија Пат“, во која учествувало и возило марка „шкода јети“, во сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајката се случила вчера во 21.20 часот, откако се судриле „шкодата“ и моторно возило „Пасат“ управувано од 23-годишен кавадарчанец со иницијали Д.А.

Повреденото лице со иницијали Б.Д. и на возраст од 52 години, било сопатник во полициското возило. Со „шкодата“ управувал 49-годишниот Ц.В. од село Десово.

Повредениот Б.Д. бил префрлен во Градската болница Прилеп каде му е пружена лекарска помош, велат од полицијата.

Поврзани новости