Полициските службеници за кои се бара притвор на распит во Кривичен суд

by Fokus

Во Основниот кривичен суд Скопје се спроведени седуммината полициски службеници за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за пожарот во кочанската дискотека.

Во тек е нивниот распит, по кој судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на Обвинителството кое за сите седуммина бара да им биде ореден притвор.

Полициските службеници вработени во Секторот за внатрешни работи Штип и во Полициската станица од општа надлежност во Кочани се осомничени за кривичното дело тешки дела против општата сигурност.

Претходно на прес-конференција, министерот Панче Тошковски рече дека полициските службеници потпишале незаконски документи со што придонеле да се случи трагедијата во Кочани.

Поврзани новости