Полицискиот синдикат бара поголеми плати за полицајците, од МВР велат дека по долго време добиле униформи

by Фокус

Независниот полициски синдикат денеска одржа марш пред Владата поради тоа што полицијата воопшто не била споменати во Буџетот за 2018 година. Од таму го бараат ветеното покачувања на платите.

„Иако Владата ветуваше, доаѓањето на животот за вработените во полицијата не само што не е на повидок, туку ниту во Буџетот за 2018-та не се планираат мерки за подобрување на нашиот стандард“, велат од НСП, потсетувајќи дека двете ветени покачувања на платите од по пет насто, едното во мај и другото во последното тримесечје од годинава, воопшто не се реализирани.

Од МВР веднаш реагираа и ветија дека раководството е подготвено за отворен разговор и изнаоѓање на решенија.

„По доаѓањето на актуелното раководство на МВР преземени се низа чекори за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството. Во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници, почнувајќи од набавка на основната полициска опрема, како што се униформи и чизми, нешто што се нема случено речиси цела деценија“, стои во соопштението на МВР.

 

Поврзани новости