Полицискиот радар „улови“ 464 возачи поради брзо возење

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 464 возачи.

Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 278 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 186 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости