Полицискиот час од среда да почнува од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30, предлага Кризниот штаб

by Fokus

Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив и предлага на Владата на наредната седница да усвои одлука забраната и посебниот режим на движење да трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – да биде до 22:30 часот, соопшти владината Прес-служба.

– Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда), се додава во соопштението.

Поврзани новости