Полицискиот час не го почитувале 97 граѓани, од кои 62-ца биле приведени

by fokus
Во целата држава, 97 граѓани не ја почитувале забраната за движење, односно го прекршиле полицискиот час, а од нив 62-ца биле приведени.

Исто така, според статистичките податоци, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката.

Поврзани новости