Полицискиот час го прекршиле 15 лица, 480 санкции за неносење маска

by Fokus

Полицискиот час од 20.00 часот (14.04.2021) до 05.00 часот (15.04.2021) не го почитувале 15 лица, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и за спречување на ширењето на Ковид 19.

Поврзани новости