Полициски инспектор по грешка испукал куршум во канцеларија

by Fokus

Вчера попладне во работна канцеларија во СВР Струмица, се случил инцидент во кој инспектор несакајќи испукал куршум од својот пиштол, додека во канцеларијата имало уште двајца негови колеги.

Како што информираат од МВР, инспекторот вршел проверка на службениот пиштол и од невнимание испукал еден куршум кој се забил во паркетот во близина на неговото работно биро.

Во инцидентот нема повредени лица, а во канцеларијата бил извршен полициски увид.

Поврзани новости