Полициски автомобили ги бркаа луѓето од Градски парк

by fokus

Автомобилите на полицијата уште кружат и ги бркаат граѓаните и во моментов паркот е речиси празен, со исклучок на неколкумина кои се затекнати и се обидуваат да си заминат, објави Слободен печат.

Пет полициски патроли од 14.30 часот, кружат со ротационен сигнал и ги бркаат луѓето од Градскиот Парк. На прашање на новинар на „Слбооден печат“ кој случајно се затекна таму, му беше дрско одговорено дека има наредба за забрана за влез во Градскиот парк и дека наводно, таа забрана веќе важела две недели.

Поврзани новости