Полициската акција во Арачиново сè уште трае, запленета е поголема количина марихуана

by Fokus

Полициската акција која започна синоќа во скопско Арачиново, а е поврзана со заплена на марихуана сè уште трае, па од МВР во овој момент не можат да споделат повеќе детали освен дека станува збор за заплена на поголема количина.

-Уште се постапува во врска со акцијата во која е запленета поголема количина марихуана. Кога акцијата ќе заврши целосно, ќе соопштиме повеќе информации, велат од МВР.

Неофицијалните информации, кои веќе се појавија и во дел од медиумите, се дека станува збор за марихуаната која во петокот беше украдена од магацин за склад на марихуана во Јосифово.

Тогаш МВР во полицискиот билтен сподели информација дека кражбата се случила околу 3 часот наутро.

-На 04.12.2020 околу 03.00 часот, во Полициска станица Валандово е пријавена кражба на марихуана од склад за марихуана на фирма во село Јосифово. СВР Струмица презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, соопштија тогаш од МВР.

Поврзани новости