Полицијата во тревога по дојава дека Основниот суд во Тетово ќе летне во воздух

by fokus

Тетовската полиција изутрината во 8 часот добила информација за наводно поставена експлозивна направа во Основниот суд во Тетово.

Полицијата веднаш го обезбедила местото и по насоки добиени од Обвинителството ги презела потребните мерки, а била повикана и единицата за антитероризам на МВР за да се изврши проверка во целиот објект и околу него дали и каде има поставено експлозивно средство, информира МВР.

Случајот не бил пријавен на телефон, туку со оставен лист ­хартија во објект на улицата „Струшка“ во близина на Судот. Во тек се активности за утврдување кој го пријавил настанот и се друго поврзано со него.

Повеќе информации од полицијата најавуваат во текот на денот.

Поврзани новости