Полицијата во Скопје казни 129 граѓани, 32 за брзо возење

by Fokus

На територија на град Скопје полицијата вчера изрече вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, една за возење без возачка дозвола, 14 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, соопшти МВР.

Изречени се десет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал односно црвено светло, три санкции за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта

Поврзани новости