Полицијата упорна, и по втор пат не го најде Груевски дома

by fokus

Полицијата вечерва втор пат се обиде да го пронајде поранешниот премиер Никола Груевски во неговиот дом за да го спроведе во затворот во Шутка за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, но не го најде. Овој пат, тоа беше направено без присуство на новинари и сниматели.

Полициска екипа прв пат го побара Груевски во неговиот стан вечерва околу 18:30 часот, но тогаш никој не им отвори.

Тоа следува по распишаната потерница од МВР на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок.  Полицајците го побараа Груевски во неговиот стан, но никој не им отвори, по што тие слегоа пред влезот на зградата.

Во меѓувреме, МВР на веб страницата објави потерницата со фотографија од Груевски.

Засега нема информации каде е Груевски и дали полицијата го лоцирала.  Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија од постапувањето по потерницата.

Поврзани новости