Полицијата упадна на журка во Барселона, организаторите треба да платат 600.000 евра казна

by fokus

Полиција денеска во близина на Барселона упаднала и растурила нелегална новогодишна техно-журка која траела цели 40 часа.

Журката на која присуствувала неколку стотини претежно помлади лица била организирана во хангар на 30 километри североисточно од Барселона.

Од полицијата потврдуваат дека се уапсени организиторите и тие ќе се соочат со казна во висина од 600 илјади евра.

Одговорност ќе понесат и учесниците. Секој од нив ќе треба да плати 3.000 евра за учеството на нелегалната забава.

Поврзани новости