Полицијата уапсила косовски и босански државјани за обид за убиство и трговија со дрога

by Фокус

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека го уапсиле 34-годишниот државјанин на косовското село Вукош со иницијали И.С., поради сомнение за обид за убиство и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Воедно, од МВР соопштија дека го лишиле од слобода и 20-годишниот А.А. од Босна и Херцеговина, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурзори.

Тие се задржани во полициските станици во Кисела Вода и во Чаир за понатамошна постапка.

Поврзани новости