Полицијата уапси 4 лица за тешки кражби и недозволена употреба на оружје

by Фокус

Полицијата уапси три лица со иницијали Т.Б., И.А. и Х.С., против кои ќе поднесе кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“,

Од МВР информираа дека на 25.10.2017 година околу 10.50 часот на ул. „Васил Ѓоргов“ полициски службеници ги легитимирале и извршиле личен преглед на трите лица, при што кај Т.Б. бил пронајден пиштол „Црвена Застава М-70“ калибар 7,65 мм, со рамка во која имало осум куршуми, кои со потврда му биле одземени.

Притоа, бил извршен преглед и на патничко возило „Алфа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и управувано од И.А. При прегледот, во багажникот од возилото била пронајдена една ловна пушка „Бајкал ТОЗ 63“ калибар 16 ГA и дозвола за оружјето на име М.К. (60), кои, исто така, со потврда биле одземени од И.А.

Истиот ден, околу 14.00 часот на ул. „Васил Ѓоргов“, полициски службеници од слобода го лишиле и лицето Д.С. (29) од Крива Паланка поради сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“.

Од извршените проверки за лицето Т.Б. биле добиени информации дека се бара со потерница за бегство од затвор и за сторени повеќе кривични дела. Сите лица биле лишени од слобода. Кај сите лица биле извршени претреси во домовите и други простории.

Кај лицето И.А. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. При претресите во домовите и други простории кај останатите лица, каде живееле како потстанари, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од претходно извршени кривични дела.

Во Полициската станица Гази Баба бил извршен разговор со лицата. при што појасниле дека Т.Б. и Д.С. заедно во периодот од 23.08.2017 година до 14.10.2017 година извршиле шест кривични дела (пет тешки кражби и едно одземање на моторно возило на подрачје на СВР Скопје).

Воедно, Т.Б. и сам извршил четири кривични дела (една тешка кражба во Крива Паланка, – две тешки кражби во Кратово и една тешка кражба во општина Облешево). Со преземените мерки биле расветлени вкупно 10 кривични дела од областа на имотните деликти, за што, по комплетирање на документацијата ќе бидат доставени соодветни поднесоци до надлежните јавни обвинителства.

Поврзани новости