Полицијата привела неколкумина осомничени за нападот врз Палевски

by fokus

Имаме приведено осомничени лица и се работи на расчистување на случајот, одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за нападот врз бизнисменот Љупчо Палевски, но не соопшти други детали до каде е овој случај.

Палевски беше нападнат на 17 септември во близина на неговиот дом, а МВР официјално објави дека го нападнале две лица. Од партијата „Трета“, чиј претседател е Палевски, тврдеа дека го нападнале две лица со шипка и боксирачи по глава.

Палевски пак по излегувањето од болница обвини дека премиерот Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков стојат зад нападот врз него.

Поврзани новости