Полицијата приведе 13 лица на две домашни забави во Скопје

by fokus 13:01
13:01

Полицијата приведе 13 лица на две домашни забави во Скопје поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19.

-Рано изутрината во 02.45 часот, по претходно добиени сознанија дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Во станот бил затекнат сопственикот и К.Д.(33), Ф.Т(25), С.С.(27), Е.Ј.(26), Е.Р.(35), Р.М.(29), Т.Т.(26), соопшти Министерството за внатрешни работи.

- Advertisements -

Во истиот период, во координација со јавен обвинител, од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Интервентната полиција, во стан на ул.„Елисие Поповски Марко“ биле затекнати пет лица кои правеле забава, и тоа К.З.(20), Б.Л.(20), Р.А.(20), С.К.(21), сите од Скопје и В.П.(20) од Битола.

Сите 13 лица биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Поврзани новости