Полицијата открила 10 непријавени државјанки во локали во тетовско и Гостивар

by Фокус

Десет странски државјанки на возраст од 19 до 38 години, кои непријавено претстојувале, биле затекнати при ноќешната акциска контрола на полицијата на три угостителски објекти во Полошко, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, акциската контрола била спроведена ноќеска од полноќ до два часот по полноќ. Во угостителскиот објект Ерди бос во Желино биле откриени четири државјанки на Албанија, две албански државјанки биле откриени при контролата во УО Нота во Чегране, додека при контролата на УО Виена во Гостивар биле откриени четири државјанки на Србија.

Контролирани биле уште два УО, по еден во Гостивар и Боговиње, но тука немало странски државјанки.

Поврзани новости