Полицијата одзела пиштол од 70-годишен скопјанец

by fokus

При претрес на дом на 70-годишен скопјанец полицијата одзела пиштол и осум куршуми.

-На 20.09.2019 во Полициската станица Бит Пазар бил приведен Н.З.(70) од Скопје. При претрес во неговиот дом на ул.„196“ во Чаир, извршена со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол непозната марка и една рамка со осум куршуми непозната марка и калибар. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Поврзани новости