Полицијата негира дека имало заложничка криза во Москва

by Fokus 09:49
09:49

Московската полиција ја демантираше веста дека непознато лице држи луѓе како заложници во северниот дел на Москва и се заканува дека ќе активира експлозив, објави прес-службата на руското Министерство за внатрешни работи.

– Веста за заложничката криза не одговара на реалноста, наведува прес-службата.

- Advertisements -

Руските медиуми претходно јавија дека непознат напаѓач земал заложници во стан во северниот дел на Москва и се заканил дека ќе активира експлозивни направи.

Поврзани новости