Полицијата не им дозволи на стечајците да протестираат кај наплатната рампа Романовце

by fokus

Наместо на наплатната рампа Романовце, како што најавија, стотина стечајни работници од Куманово во 10 часот стигнаа до клучките на влезот и излезот на автопатот и не можеа да продолжат понатаму, поради силното полициско обезбедување, објави СДК.

-Од припадници на МВР ни беше кажано дека тие нема да нè пуштат да отидеме на автопатот. Ни рекоа да застанеме тука, да не се туркаме и да не им се спротивставуваме за да не дојде до некоја беља, да не нè тепаат. Останавме овде и поради полицајците кои денеска се пред нас, бидејќи тие секогаш се толерантни кон нас. Не сакаме да им правиме проблеми на нив, а и на нас, да не ги тепаат овие наши болни и испатени луѓе. Инаку нема на ова да остане, веќе наредната недела ќе организираме протестен марш Куманово – Скопје и тогаш не можат да нè сопрат, изјави Лилјана Георгиевска, претседателка на здружението на стечајни работници УНИТ.

Стечајците бараат да бидат обештетени  и еднаш засекогаш да се реши нивната дведецениска голгота.

Поврзани новости