Полицијата напиша 23 прекршочни пријави за диви трки на мотоциклисти во Скопје

by fokus

Одделението за безбедност на патниот сообраќај и синоќа со засилени контроли во Скопје ги спречуваше дивите трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Цветан Димов“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Србија“.

Во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19:00 до 01:00 часот биле извршени контроли и биле напишани 23 прекршочни пријави (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци).

Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица “Кисела Вода”, поради сомнение за сторен царински прекршок.

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.

Поврзани новости