Полицијата казни 288 возачи во Скопје, 659 граѓани не носеле маска

by Фокус

Полицијата вчера на територијата на Скопје изрече вкупно 288 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 10 за некористење на сигурносен појас, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 за користење на мобилен телефон и 2 за минување на затворен семафор.

Исто така, како што информира МВР, изречени се и 49 мерки за непрописно паркирање и 27 мерки за неносење на заштитна маска.

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, пак, во земјава регистрирани се вкупно 659 прекршоци.

Поврзани новости