Полицијата казни 144 граѓани во Скопје, 63 за брзо возење

by Fokus 10:20
10:20

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 36 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 13 за возење без возачка дозвола.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Изречени се пет санкции за нерегистрирани возила, три за некористење сигурносен појас.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

 

Поврзани новости