Полицијата и Националната гарда ги одалечија демонстрантите од Конгресот

by Fokus

Полицијата се распореди околу зградата на Конгресот не дозволувајќи на демонстрантите да се доближат до зградата. целата зграда е обиколена и од Националната гарда, агентите на ФБИ и Тајната служба. Внатре во Капитол неколку простории се целосно демолирани, вклучувајќи ја и сенатската сала за заседанија, каде додека траеше постапката за сертификација на изборите.

Пенс претседаваше со постапката за сертификација на резултатите од изборите, која беше прекината, а од безбедносни причини на сенаторите им биле укажано да останат во салата. Но, откако демонстрантите насилно упаднаа и го пробија полицискиот кордон, сите конгресмени беа експресно евакуирани од зградата, а неколку минути потоа, демонстрантите упаднаа во салата.

Во моментот, ситуацијата е смирена, иако демонстрантите не се повлекуваат. Неколку полицајци се повредени вклучувајќи и една жена која е застрелана при упадот во Капитол. Демонстрантите се обидоа да се доближат од западната страна, но и таму наидоа на силен полициски кордон.

На социјалните мрежи масовно се ширеа видео снимки од упадот во зградата. Најмалку една експлозивна направа била пронајдена во близина на Капитол за време на демонстрациите на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп.

Демонстрантите веќе се симнуваат од скалите на Капитол. Најмалку една експлозивна направа била пронајдена во близина на Капитол за време на демонстрациите на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во меѓувреме, на Твитер постојано се појавуваат видеа и фотографии од протестите, а дел од демонстрантите поставија и селфи фотографии од внатрешноста

Поврзани новости