Полицијата ги растерува демонстрантите во Белград со солзавец, тие фрлаат со камења

by Фокус

Српската полиција во десетина наврати фрли солзавец врз демонстрантите кои денеска излегоа на протест пред српското собрание поради воведувањето на нови рестриктивни мерки против корона вирусот.

Меѓутоа, како што јавува телевизијата Н1, дел од демонстрантите упорно се враќаат назад кон собранието, додека дел се упатија кон државната телевизија.

Истовремено, тие постојано фрлаат со камења врз полицајците, а беа запалени и неколку контејнери.

Полицајците првично постепено ги потиснуваа демонстрантите преку кордони, а веќе почна да спроведува и потери.

Моментално, на терен делуваат и вооружени лица во цивилна облека, за кои се претпоставува дека се припадници на полицијата.

Поврзани новости