Полицијата фрли солзавец против демонстрантите во Атина кои сакале да се качат на скалите пред Парламентот

by Fokus

Грчката полиција употреби солзавец против демонстрантите кои се собраа денеска пред Парламентот во Атина на протест против договорот за името на Македонија.

Солзавец е фрлен против демонстраните кои се обиделе да се качат по скалите пред парламентот.

Протестот почна на плоштадот Синтагма. Демонстрантите носеа знамиња на Грција и знамиња со ѕвездата Вергина. Организаторите повикаа на нов протест утре во Преспа, каде што треба да биде потпишан договорот меѓу Македонија и Грција.

Истовремено со протестите, во грчкиот парламент течеше дебатата за барањето на опозициската Нова демократија за изгласување недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас поради договорот со Скопје.

Поврзани новости