Полицијата фати скопјанец баран по потерница

by Fokus

Вчера попладне бил приведен жител на Скопје, кој се барал за доиздржување на затворска казна во кумановскиот затвор, велат од МВР.

„На 16.07.2021 во 13.50 часот од страна на полициски службеници на пунктот кај наплатната станица „Отовица” е лишен од слобода М.Ж.(36) од Скопје. Лицето се барало по распишана централна потерница, за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа  Затвор-Куманово. Околу 15.00 часот М.Ж. бил спроведен и предаден во затворот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости