Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро за време полициски час, ќе следи кривична пријава

by Fokus 11:35
11:35

Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро рано утрово за време на полициски час, ќе следи кривична пријава, потврдуваат за МИА од МВР.

-Утрово во 2:20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендица лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко езеро, појаснуваат од МВР.

- Advertisements -

Викендицата била во сопственост на 23 – годишно лице од Кавадарци. Таму биле затекнати четири лица, а по извршена проверка во близина на викендицата, пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот на објектот.

Од МВР рекоа дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следи кривична пријава по чл.206 од КЗ на РСМ.

Изминатиов период, со оглед на тоа што Тиквешијата е жариште на Ковид-19, постојано се апелира да се почитуваат превентивните мерки против коронавирус. Меѓу другото, се апелира и да нема масовни собирања.

Поврзани новости