Полиција во редакцијата на НетПрес

by fokus

Тројца инспектори од Одделот за економски криминал при МВР утринава дојдоа во редакцијата на НетПрес по наредба на јавен обвинител, објави НетПрес.

Инспекторите, како што објавува порталот, извршиле разговор со главниот уредник на НетПрес, Дејан Николовски, а во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) ) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра.

Според документот од Обвинителството, за случајот во тек е кривична постапка за кривично дело Оддавање и неовластено прибавување на деловна тајна по член 281 од Кривичниот законик.

Фотографија: НетПрес

Поврзани новости