Полиција пронашла марихуана во автомобил, во него било и 15-годишно момче

by fokus 12:02
12:02

400 грама марихуана била пронајдена во патничко возило управувано од житело на Куманово. Лицата биле однесени во Полициска станица Тетово и ќе следат соодветни санкции, пренесуваат од МВР.

„На 10.09.2018 година околу 23.30 часот на наплатната станица „Желино“ полициски службеници сопреле патничко возило „Форд Ескорд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (20), а како сопатници биле Д.М.(18), А.П.(19) и еден 15-годишник, сите од Куманово. По извршениот преглед, под предното совозачко седиште била пронајдена најлонска кеса во која имало околу 400 грама марихуана. Лицата се однесени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.“

- Advertisements -

Поврзани новости