Полицајци во цивилка го нападнале пратеникот Максим Димитриевски

by fokus

Ноќеска во Куманово, десетина лица извршиле физички напад врз пратеникот од СДСМ Максим Димитриевски.

Димитриевски за А1он го потврди инцидентот и изјави дека лицата биле во алкохолизирана состојба, а меѓу нив имало и полицајци во цивилки.

Напаѓачите најпрво вербално го провоцирале Димитриевски и неговата сопруга, а потоа и физички го нападнале.

Случајот е пријавен во МВР.

Поврзани новости