Полицајци се жалат дека се оневозможени да гласаат, МВР демантирa

by fokus 13:34
13:34

Па, така, полицајци од Куманово анонимно се жалат дека на денот на изборите ќе бидат на работни задачи во Битола и Кратово, од 6.30 до 20 часот, поради што временски нема да можат да стигнат на гласачкото место и да го остварат своето право на глас. Нивниот сомнеж е дека за дежурство во другите градови се поставени неподобните гласачи за владејачката партија. Од МВР ги демантираат овие информации.

-Не се точни овие гласини, бидејќи ќе им овозможиме на сите вработени во МВР да го остварат своето право на глас. Токму поради нивниот ангажман за изборите, уште во работната верзија на Изборниот законик баравме полицајците да гласаат еден ден порано, но нашиот предлог беше одбиен, вели Иво Котевски, помошник на министерот за односи со јавноста.

- Advertisements -

Полицајците кои ги консултиравме објаснуваат дека за досегашните изборни циклуси секогаш им било овозможено да го остварат своето право на глас.

-Ми се случило на денот на изборите да бидам распореден во друг град, но затоа имавме организирано превоз, ако сакаме да одиме до дома и да гласаме. Останува да видиме како ќе биде во недела, вели нашиот соговорник.

Поврзани новости