Полицајци сакале да му го одземат тракторот, едниот го удариле, а на другиот му се заканувале

by Fokus

Полицијата поднесе кривични пријави против двајца затоа што спречувале полицајци во вршењето на нивната должност.

Од таму информираат дека полициската станица Радовиш поднела кривична пријава против Е.И. од с.Тополница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против А.А. од с. Тополница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

Според информациите во полицискиот билтен, на 7 ноември, годинава околу 17.00 часот во близина на с. Тополница, при одземање на трактор со приколка  натоварена со дабови огревни дрва, управуван од Ј.Б. од с.Тополница, без соодветна документација за огревните дрва, првопријавениот со тврд предмет удрил полициски службеник, додека второпријавениот им се заканувал по животот и телото на полициските службеници, со што ги спречил  во вршење на службено дејствие.

Поврзани новости