Полицаец пукал во воздух откако група ресенчани тргнале во напад

by fokus

Татко на матурант од Ресен нападнал полициски службеници кои вршеле увид во сообраќајна несреќа во која учествувал неговиот син. 41-годишниот З.М. прво вербално и потоа физички ги нападнал полицајците, а му се придружил и 18-годишниот син Б.М.

Настанот се случил вчера околу 23.50 часот на улицата „Борис Кидрич“ додека неколку полициски службеници од Полициската станица Ресен вршеле увид на претходно случена сообраќајна незгода, во која учесници биле Т.А. од с.Болно и  Б.М.(18) од Ресен.

Во еден момент полициските службеници забележале дека кон нив доаѓала група на граѓани кои сакале да ги нападнат, по што од страна на полициски службеник од службениот пиштол било пукано во воздух и групата се вратила назад.

Б.М. и З.М. биле приведени во Полициска станица Ресен. Известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости