Полицаец под суспензија затоа што си натоварил вреќи пипер без да плати

by fokus 18:04
18:04

Еден полицаец е суспендиран од работа бидејќи од продавачи на пиперки си земал полни вреќи без за тоа да им плаќа, дознава телевизија 24 од извори во МВР.

Според информациите, настанот го пријавил негов колега, кој бил сведок на случувањата. По ова полицаецот е суспендиран од работа.

- Advertisements -

Освен него ќе биде суспендирани и четири полициски службеници затоа што кај нив било пронајдено алкохол по внатрешната контрола во едницата за брзо распоредување.

-Контролите се со цел да воведе ред и да се зголеми работната дисциплина – велат од МВР.

Поврзани новости