Полицаец од Кочани и се заканувал на сопругата дека ќе ја убие сосе најблиските

by Фокус

Триесет и осум годишна жителка на Кочани во полицијата пријавила дека вчера била психички и физички малтретирана од нејзиниот 39-годишен сопруг М.К., кој инаку бил вработен во МВР.

Според пријавата, М.К. под дејство на алкохол почнал да и упатува сериозни закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и по животот на нејзините најблиски, воедно барајќи од неа да си оди од дома и да го остави нивното седумесечно бебе.

Според добиени сознанија, нејзиниот сопруг секој ден бил во алкохолизирана состојба и во повеќе наврати на сличен начин ја малтретирал психички и физички, а на 03.12. минатата година го извадил службениот пиштол и испукал неколку куршуми во дневната соба.

За настанот е известено ОЈО Кочани по чија наредба од М.К. е одземено службеното оружје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Поврзани новости