Политичките партии денеска ги продолжуваат преговорите

by Фокус

Политичките партии денеска ги продолжуваат преговорите за имплементирање на договорот од Пржино и неговиот протокол со кој треба да се најде излез за политичката криза во земјава. Денеска и утре на преговарачката маса повторно се измените на Изборниот законик. Работната група состанок ќе го одржи во Клубот на пратеници со почеток во 12 часот

Како што најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, блиску се до решение за прочистување на Избирачкиот список, задолжителна активна регистрација од врата до врата, како и за составот на Државната изборна комисија, таа да има девет, наместо седум члена, тројца да предлага власта, тројца опозицијата и тројца да се избираат од редот на експертите со двотретинско мнозинство. Гласањето на дијаспората е прашање околу кое се уште нема приближување на ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата бара редефинирање на начинот на избор на трите пратеници од дијаспората, а власта мета дека тие треба да се избираат на ист начин како и до сега. Засега нема потрвда дали денеска ќе се дискутира и за прашањето за промена на изборниот модел што во јавноста го отворија партиските лидери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

Во четврток, претставниците на политичките партии ќе имаат состанок на кој повторно ќе се дискутира за правната рамка за специјалниот јавен обвинител.

Поврзани новости