Политички лидер на Хамас убиен во Газа во израелски воздушен напад

by Fokus

Во израелски напад во Појасот Газа во текот на ноќта загина висок политички лидер на Хамас, соопшти денеска палестинската милитантна група.

Покрај тоа, 19 лица, меѓу кои и жени и деца, се убиени во нападите на Појасот Газа. Хамас соопшти дека Салах ал Бардавил, член на неговото политичко биро и на палестинскиот парламент, бил убиен во напад во близина на градот Кан Јунис, во кој била убиена и неговата сопруга.

Бардавил беше истакнат член на политичкото крило на Хамас, кој со години даваше интервјуа за медиумите.

Израел минатата недела го прекрши примирјето со Хамас кога започна ненадеен бран воздушни напади во кои загинаа стотици Палестинци низ Појасот Газа.

Поврзани новости