Политички консултации меѓу државните секретари на Македонија и Црна Гора

by fokus 18:22
18:22

Северна Македонија и Црна Гора негуваат одлични политички односи без отворени прашања и споделуваат исти надворешно политички приоритети, е заклучено при денешните политички консулатации на Министерствата за надворешни работи на земјите што се одржаа во Подгорица, предводени од државните секретари Виктор Димовски и Зоран Јанковиќ.

Од МНР информираа дека Димовски во неговото обраќање го реафирмирал интересот за унапрадување на односите меѓу Скопје и Подгорица, во сите области од заемен интерес, особено на економски план.

- Advertisements -

– Делегациите разменија мислења за севкупните билатерални односи и можностите за нивно унапредување, со акцент на соработката во рамки на европските и евроатланските структури, паралелно со соработката во областа на економијата и туризмот, трговијата, инфраструктурата, комуникациите и културата, како и збогатувањето на билатералната правна рамка во сите останати области од заемен интерес, соопштија од МНР.

Димовски се заблагодарил за црногорската поддршка за евроатланските интегративни процеси, како и за брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Поврзани новости