Политичка партија обвинува за „бугарски воз“ во Карпош

by fokus

Политичка партија обвинува дека во општина Карпош биле забележани неправилности и обид за „бугарски воз“.

На избирачкото место со број 2645 бил забележан обид за „бугарски воз“ и набљудувачите веднаш реагирале и местото било затворено, додека на избирачкото место 2618 во 11 часот било забележано дека недостасуваат два избирачки листа и таму гласањето било во прекин.

Од политичката партија повикуваат да не се прави штета на изборниот процес и на меѓународниот углед на државата.

Поврзани новости