Поларни температури во Македонија

by Фокус 11:43
11:43

Утрово во Македонија се измерени најниски температури оваа зима, а деновиве се очекува времето да биде уште постудено.

Денеска во 8 часот измерени се најниски минус 19 степени во Маврово, по што следат Крушево и Лазарополе со -18, Прилеп, Берово и Крива Паланка со – 14, Охрид, Виница, Куманово и Битола со – 13, додека во Скопје измрени се -11.

Од Управата за хидрометеролошки работи соопштуваат дека времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и многу студено, со сончеви периоди, при што максималната температура ќе се движи од -13 до -6 степени, а во Скопје максималната температура ќе достигне до -9 степени.

Поврзани новости