Поларен студ доаѓа во Македонија

by Fokus 12:56
12:56

Нови врнежи кои во западните делови ќе бидат претежно од снег се очекуваат во попладневните и вечерните часови. Во овие делови на повеќе места ќе се формира снежна покривка, додека во поголем дел од истокот ќе се задржи суво време. Ќе дува слаб до умерен ветер, а вдолж Повардарието и на повисоките места засилен ветер од
северозападен правец.

Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

- Advertisements -

Во Скопје попладне се очекува повремен слаб дожд, кој во делови од котлината ќе преминува во снег. ќе дува слаб до умерен северен ветер.

За утре попладне и во вечерните часови, синоптичарите најавуваат нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, која ќе биде позначителна во западните делови. Потоа ќе преовладува претежно суво и многу студено време, особено за време на викендот и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота на места ќе провејува слаб снег.

Поврзани новости